- This event has passed.
101км СУП на Дунав
June 17, 2023 - June 18, 2023
Подвиг на кој сме особено горди. Во 2022 успеавме да ги совладаме предизвиците на Дунав како први и единствени преставници од Македонија. 🇲🇰❤️🏆
Заедно со 30 учесници од Србија, Унгарија и Босна и Херцеговина, по околу 14 часа стоечко веслање на даска успешно завршивме 101км. Дунав е река која се издвојува со својата природна убавина, прекрасна, понекогаш непредвидлива, никогаш потценета и секогаш возбудлива.
Оваа година на 17 & 18 Јуни 2023 учествуваме повторно како претставници од Македонија и секако СУП Клуб Охрид. Држете ни среќа. 🍀