Loading Events
  • This event has passed.

Ohrid Water Festival 2023

August 18, 2023 - August 27, 2023

Фестивал на водени спортови Охрид

Ohrid Water Festival (Фестивал на водените спортови – Охрид) е проект кој е симбиоза на водените спортови, охридското природно богатство и развојот на охридската заедница.

Визија и мисија е јасна, обединување на сите охридски водени спортови и нивните активности, афирмација на нашето природно водно богатство – Охридското езеро и негова заштита и сето тоа во рамки на еден спортско – туристички БРЕНД со име Ohrid Water Festival. ❤️❤️❤️

Ohrid Water Festival и овој концепт е токму тоа што треба Охрид како спортско-туристички град да го понуди на пошироката домашна и интернационална туристичко-спортска јавност. 👍👍👍

Фестивалот ќе понуди многу активности за сите возрасти и сите љубители на водата и водените спортови, и тие се поделени на спортско-рекреативни, социјално-едукативни и промотивни. Главен спортски настан е традиционалниот пливачки маратон од Св. Наум до Охрид кој е закажан за 26 август. За време на фестивалот се предвидени многу социјални активности, музика, едукација, промоции како и панел дискусија, изложби и презентација на здрава храна кои ќе бидат дел од вечерната програма од 19-22 часот. 🎤🎸🎻📚🪧🍷

August 18, 2023 - August 27, 2023

Organizer

Ohrid Water Festival